Активистите за правата на животните „полуделе“ кога меѓу нив на сред протест во Њујорк прошетал човек кој јадел ќебап.
Мажот со насмевка на лицето јадел месо пред веганите и ги провоцирал додека тие налутено му викале и го навредувале.
Видеото е објавено на Твитер и е прегледано 2,5 милиони пати.
„Одвратен си. Што мислиш ти, кој си? Ти си кукавица. Ти си го*но и треба да ти биде срам. Знаеш ли што ќе направам? Ништо, а ти ќе умреш сам“, му вели една демонстрантка.
In front of Nike in #NYC where animal rights activists were rallying in front. A man comes off the streets and starts mocking the activists and eats Shushka Bob in front of the activists. Activists start yelling at the man#pita #animals pic.twitter.com/puQ1I9EJlV
— Viral News NY (@ViralNewsNYC) August 27, 2022
Ситуацијата излегла од контрола кога друга демонстрантка почнала да му вреска во лице на момчето.
„Добро ли е чувството? Твојот начин на убивање на животните, добро ли е тоа чувство покрај вегани?“, вели жената.
На снимката се гледа дека во близина има и полиција, а момчето кое јадело месо пред веганите воопшто не обрнувало внимание на коментарите.