вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Најанализираното дело: Зошо Мона Лиза се смее? (ФОТО)

Најанализираното дело: Зошо Мона Лиза се смее? (ФОТО)

Веројатно најпознатиот портрет на сите времиња е оној на Лиза Герардини, нацртан од легендарниот Леонардо да Винчи, е многу попознат како „Мона Лиза“.

Најанализираното, најпопуларното уметничко дело е предмет на дискусија секојпат кога ќе се спомене, баш поради мистичната насмевка која луѓето ја препознаваат на женското лице.

По долго истражување на сликата, многу часови, денови и години поминати на проучување на начинот на сликање на да Винчи, ликовните експерти конечно дојдоа до некакво решение кое го одговора прашањето: Зошто Мона Лиза изгледа насмеана на сликата?

До откритието тие дојдоа со помош на споредба на уште едно дело на да Винчи, наречено La Bella Principessa (Убавата принцеза). Тоа е портрет на вонбрачната ќерка на војводата од Милано, кој е насликан нешто порано од Мона Лиза, но кој ја има истата техника која уметникот ја користел.

Според експертите, насмевката постои во двете дела, но е забележлива само понекогаш поради ефектот „сега ја гледаш, сега не“ кој го користел да Винчи. Тоа е една сенка која е ставена на неприродно место, над горната усна, веднаш каде што завршува устата а почнува образот.

Овој ефект креира илузија кај набљудувачот на сликата, во зависност од кој агол тој го гледа ова дело. Далечината, аголот и висината од која се набљудуваат овие две дела креираат различна слика во окото на гледачот, па затоа под одреден агол се гледа дека Мона Лиза и Убавата принцеза се смејат, а од друг агол тие имаат сериозен израз на лицето.

Начинот на кој се доловува овој ефект е преку техника на цртање позната кај италијанските сликари, наречена sfumato, што значи меко или бледо на италијански. Оваа техника користи бои и сенки за да креира оптички илузии на сликите и најчесто се користи околу очите или устата на ликот кој е на портретот.