вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

„Најдлабоките реки течат тивко“, „Убавите цветови не даваат слатки плодови“ – јапонски мудри мисли кои ќе ви го променат животот

„Најдлабоките реки течат тивко“, „Убавите цветови не даваат слатки плодови“ – јапонски мудри мисли кои ќе ви го променат животот

Јапонците отсекогаш биле паметен народ. Па од таму и доаѓаат многу мудри мисли кои ако ги практикувам, можат да ни го променат животот.

Некои од нив се:

-Ако проблемот може да се реши, тогаш нема потреба да се грижиме за него. Ако не може да се реши, грижата е бескорисна.

-Одважете се да дејствувате откако добро ќе размислите. Кога ќе почнете да делувате, престанете да мислите за тоа.

-Не го задржувај она што си оди; не го бркај она што доаѓа.

-Да се оди брзо значи да се оди споро без застанување.

-Подобро е да си непријател на добар, отколку пријател на лош човек.

-Односот меѓу мажот и жената треба да биде како оној меѓу рацете и очите: кога рацете болат, очите плачат; а кога очите плачат, рацете ги бришат солзите.

-Жабата во бунар не ја познава широчината на небото.

-Секое долго патување  секогаш започнува со еден краток чекор.

-Дури и да ни затреба еднаш во животот, мечот треба секогаш да го имаш при себе.

-Убавите цветови не даваат слатки плодови.

-Никогаш никој не се сопнал лежејќи во кревет.

-Еден љубезен збор може да те грее цела зима.

-Секогаш тргај им се од патот на будалите и лудите.

-Седум пати провери пред да започнеш да се сомневаш во некого.

-Ти направи сè што можеш, а остатокот препушти му го на судбината.

-Претераната искреност најчесто се граничи со глупавост.

-Богатството секогаш доаѓа во куќа полна со смеа.

-Дури и мајмуните можат да паднат од дрво.

-Ладен чај и ориз можат да се поднесат; но ладен поглед и груби зборови – не.

-Земјата секогаш се стврднува после дожд.

-Најдлабоките реки течат тивко.