Истражувачи од Универзитетот „Бен-Гурион“ во Беершеба, Израел, открија дека вродените навигациски способности на златната риба ѝ овозможуваат да насочува роботско возило кон копно. Но, тоа – доколку таа добие награда во облик на храна за тоа.
За да го спроведе својот необичен експеримент, тимот постави аквариум со риби на моторизирани тркала. Систем од камери потоа ги снима движењата на рибата во водата и ги претвора во насоки за навигација – ефективно поместување на уредот во насоката во која рибата се судира во стаклото. Рибата потоа „го насочува“ возилото кон визуелна мета – обоен знак на ѕидот од просторијата за експериментирање кој може да се види низ проѕирните страни на аквариумот.
Кога рибата го насочува возилото кон знакот, таа добива храна како награда.
– По неколку дена вежби, рибата се насочува кон целта, се вели во соопштението од научниот тим.
– Покрај тоа, таа можеше да го стори тоа дури и ако е прекината во средината со тоа што ќе удри во ѕид и не беше измамена од лажни цели поставени од истражувачите.
Написот објавен во списанието „Бихејвиорал брејн рисрч““ (Behavioral Brain Research) посочува дека „навигациската способност е повеќе универзална отколку специфична за околината“, истакна Шахар Гивон, докторант на научниот оддел на универзитетот којшто работеше на експериментот. (МИА)