Мегин Кели, една од најплатените лица во светот на новинарството, ја изгуби работата, но за тоа ќе и биде исплатен голем износ.
Таа ќе го добие остатокот од тригодишниот договор во вредност од 69 милиони долари.
Ова го открива анонимен избор запознаен со спогодбата меѓу Кели и нејзината новинарска куќа NBC, истакнувајќи дека новинарката ќе добие 30 милиони долари.
NBC потсетува дека оваа вест следува по неколку месечните преговори за нејзиниот договор, а откако таа во октомври ја загуби работата како водителка на емисијата Megyn Kelly Today.
Нејзината емисија е укината откако таа изнела коментари за носењето на маски од страна на лицата со темна боја на кожата за време на празникот Ноќ на вештерките. Кели по емисијата веднаш се извинила за својот коментар, но очигледно тоа не било доволно.
Нејзниот транфер од Фокс њуз во NBC во 2017 година беше детално проследен токму затоа што таа е една од најплатените лица во новинарството.