Животот понекогаш е навистина тежок. Понекогаш животот задава тешки удари и понекогаш губиме секаква желба да продолжиме понатаму. Понекогаш едноставно немаме мотивација и сакаме да се откажеме.
Но, некогаш доволни се неколку зборови кои ќе ни вратат малку зрак светлина и трошка надеж. Денес ви претставуваме неколку прекрасни мисли кои ќе ве мотивираат никогаш да не се откажете!
„Успехот се состои од тоа да преминувате од еден до друг неуспех без да го изгубите ентузијазмот.“ – Винстон Черчил
„Нашата најголема слава не е во тоа што никогаш не паѓаме, туку во тоа што се издигнуваме секогаш кога ќе паднеме.“ – Конфучие
„Јас никогаш не губам. Или победувам или учам.“ – Нелсон Мандела
„За да ја совлада фрустрацијата, човек мора да остане интензивно фокусиран на исходот, а не на пречките.“ – Т.Ф.Хоџ
„Секогаш пробуваш. Секогаш паѓаш. Без оглед. Пробај пак. Падни пак. Падни подобро.“ – Семјуел Бекет
„Ништо не си оди додека не не научи на она што треба да го знаеме.“ – Пема Чодрон
„Не доживеав неуспех. Само пронајдов 10.000 начини кои не функционираа.“ – Томас Едисон
„Никогаш не се откажувај од сон само затоа што ќе ти е потребно време за да го постигнеш. Времето секако ќе си пројде.“ – Ерл Најтингејл
„Барај трпение и страст во поеднакви количини. Трпението само по себе нема да го изгради храмот. Страста сама по себе ќе ги уништи неговите ѕидови.“ – Маја Ангелоу