вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

„Највисокиот човек на светот“ живее во куќа специјално дизајнирана за него

„Највисокиот човек на светот“ живее во куќа специјално дизајнирана за него

Султан Косен од селото Дерик, близу градот Мардин, југоисточна Турција, е висок 2,51 метар и ја носи титулата „највисок човек на светот“ денес.

Деновиве во неговото родно место се одржува натпревар по фотографија наречен „Национален фотосафари – Мардин“, па учесниците и членовите на жирито на овој натпревар решија да го посетат и Косен. Првиот впечаток е домот специјално осмислен за највисокиот човек на планетава.

Покрај висината од 2,51 м., Косен влезе во Гинисовата книга на рекорди и како човек со најдолги дланки (36,5 сантиметри) и најдолги стапала (36,5 цм.).

Косен им се заблагодари на фотографите за посетата и не го криеше задоволството. А, учесниците на натпреварот ја искористија оваа прилика да ја снимат и овековечат средбата.

„Највисокиот човек на светот“ откри дека досега посетил 127 земји во светот, а во истовреме се борел и со здравствени проблеми. Тој рече дека животот му минува под надзор на лекари, а неговото семејство живее од земјоделство.

Турчинот е среќен, како што рече – што имал можност да патува ширум светот и да ја претставува својата земја.