вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Наместо скапи парфеми, ставате обична дрвена штипка на вентилацискиот отвор во колата

Наместо скапи парфеми, ставате обична дрвена штипка на вентилацискиот отвор во колата

Доколку сакате вашиот автомобил секогаш убаво да мириса и да ви овозможи удобно возење, не мора да се снабдувате со скапи мириси кои често содржат разни хемикалии.

Направете си сами природен мирис за автомобил кој ќе ве чини многу евтино, а ќе биде готов за 5 секунди.

Се што ви е потребно е дрвена штипка за пружење алишта и етерично масло по желба.

Штипката натопете ја со неколку капки од маслото и закачете ја на отворот од вентилацијата, каде инаку се ставаат купечките течни мириси за автомобил.

Благодарение на протокот на воздухот, мирисот ќе се рашири низ целата внатрешност на автомобилот.