четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Наместо забава, за својот 30-ти роденден си организираше погреб (ФОТО)

Наместо забава, за својот 30-ти роденден си организираше погреб (ФОТО)

Сите имаат различен начин и желба за прославата на родендените, но една девојка навистина отишла во крајност со нејзиниот бизарен начин на прославување.

Мила Блатова од Русија, одлучила да направи нешто поразлично оваа година за нејзиниот јубилеен роденден кога наполнила 30 години.

Па, наместо да го прослави тоа што полни 30 години и може да се каже дека станува жена и да направи забава, таа решила дека треба да „жали“ заради тоа што ѝ поминала младоста.

-Мојата идеја дојде оттаму што не сакав да ми поминат ’20-ите години и да сфатам дека сум стара. Поентата беше на интересен начин да го прифатам новото поглавје во мојот живот, а екстремната драма на фотографијата беше копирање на Крис Џенер во едно меме што го видов. Барав мрачен моден пресврт и драматичен начин за мојот роденден, рече таа.

„Погребот на нејзината младост“ е обоен во црно – црни балони, црна облека, црн кармин и шминка, црни додатоци.

Иако нејзината идеја не била со лоша намера и има позитивна цел, сепак има многу негативни коментари од луѓето кои ја прочитале нејзината приказна.