Фотографиите се спектакуларни.
Синоќа НАСА ја откри првата фотографија во боја направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, опишувајќи ја како „најдлабоката и најостра инфрацрвена фотографија од далечната вселена досега“.
Фотографијата прикажува група галаксии наречени SMACS 0723, објави американската вселенска агенција.
Денес, НАСА претставува нови фотографии и откритија на Џејмс Веб.
Фотографиите ви ги претставуваме во продолжение, вклучувајќи ја и фотографијата на која беше објавена синоќа.