среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Натпис пред месарница ги разбесни вегетаријанците и предизвика лавина од коментари: „Секој ден илјадници невини растенија…“

Натпис пред месарница ги разбесни вегетаријанците и предизвика лавина од коментари: „Секој ден илјадници невини растенија…“

Натпис пред месарница во Шкотска – Единбург, би можел да им се допадне на многу од Балканците кои обожуваат да јадат месо, но на други може да ги разлути, како што предизвикал бес кај вегетаријанците во Шкотска.

„Секој ден илјадници невини растенија ги убиваат вегетаријанците. Помогнете да ставиме крај на насилството и јадете месо“, пишувало на натписот којшто се наоѓал пред месарницата, а истиот предизвикал лавина од коментари, пренесува „LADbible“.

Луѓето пишувале: „Растенијата немаат чувства“
Некои утврдиле дека „месарот е психопат“, други забележале дека и животните јадат растенија, додека трети истакнале дека за разлика од животните, растенијата немаат чувства.

Сепак имало и такви кои застанеле во одбрана на месарот:

„Тие луѓе имаат бизнис којшто се пренесува од генерација на генерација. Тоа не значи дека сите мора да јадеме месо. Но, не може да биде во ред вегетаријанците да ги веат своите знамиња, а месојадите да не го прават истото“.

Сопственикот на месарницата која е основана во 1889 година и од тогаш е во семејна сопственост се забавува со реакциите од јавноста и вели дека неговиот натпис не бил злонамерен и дека треба да се сфати како „шега“.