Веќе сте запознаени со пирамидите во Египет. Но, дали знаевте дека постојат подземни пирамиди на теренот на Египет?
Тим од експерти и археолози, преку сателит со инфрацрвени скенери, открија 17 подземни пирамиди, повеќе од 1.000 гробови и повеќе од 3.000 населени места и тоа ни помалку ни повеќе, туку под површината на земјата.
Нема да не зачуди забелешката дека скенираната област се вика Сахара. Научниците ги збунува прашањето – како е можно дел од оваа стара цивилизација да заврши под земја? Дали ова откритие ја урива теоријата за египетската цивилизација, нивниот живот, создавањето и развојот, онакви какви ги знаеме?
Засега е сигурно дека под земјата Египет крие многу работи. А, последново откритие ќе го отвори прашањето, дали неколку милиони години пред познатата египетска цивилизација, постоела друга исто така напредна цивилизација?
Прашања ќе има уште многу, но за прецизни одговори е се уште премногу рано. Слегуваат повеќегодишни скенерски истражувања, а се надеваме дека резултатите ќе и бидат достапни и на јавноста.