Веќе не мора да замислувате каков вкус би имало чоколадото со чварки, сега можете да го пробате! Да, добро слушнавте, направено е чоколадо со чварки, а за тоа е задолжена компанијата Краш, која реши да ги изненади сите оние кои се „шегуваа“ да воведат ваков тип.
Имено, Краш денеска на својата Фејсбук страница објави дека направиле чоколадо Дорина во кое има чварки, а тоа ги воодушеви сите љубители на слатки!
Со оглед на тоа што оваа комбинација првпат се спомна на 1 април, на шега, сега истакнаа дека интересот бил толку голем што навистина решиле да ја реализираат идејата поточно „шегата“.
– Побаравте, добивте! Дорина Чварак е навистина тука! Поради големиот број на позитивни коментари, решивме да одиме чекор понатаму – ограничено издание Дорина Чварак, напишаа во својата објава и додадоа:
– Не е шега. На сите оние кои позитивно ја коментираа нашата првоаприлска шега и сакаа да ја пробаат Дорина со чварки, испраќаме една копија на адресата. Контактирајте не во инбокс и ви благодариме што не инспириравте да го направиме ова реалност, напишаа тие на нивната страница.
Количините на ова чоколадо се ограничени, па секој што сака да го проба може да го направи во сабота на 30.4. во Kraš Choco & Café на главниот плоштад во Загреб.
Дали вие би го пробале ова чоколадо?