Старите чорапи често завршуваат во кантата за отпадоци, но тие можат да се искористат на многу паметен начин
За нега на телото
Ставете сапун во добро измиени чорапи и ќе добиете ракавица за пилинг. Тријте го телото додека се капете и дозволлете и на кожата да блесне.
За чистење на домот
Наместо да ги миете прозорците со крпа, полесно ќе ви биде да ставите памучен чорап на раката и нежно да го триете стаклото.
Можете да пробате и еден стар, многу едноставен трик, да облечете стари чорапи и да шетате низ куќата за да ја отстраните прашината.
За забавна игра
Од белите чорапи можете заедно со најмалите на многу едноставен начин да направите симпатична играчка.