четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Не сакал да дели: Добиле богатство на лото, па сопругот избегал со ливчето

Не сакал да дели: Добиле богатство на лото, па сопругот избегал со ливчето

23-годишната жена од Бангкок, Тајланд, го пријави сопругот во полиција, откако истиот избега со нејзиното добитно лото ливче.

Портнида Чамненвет и нејзиниот 34-годишен сопруг биле вработени во локална фабрика и постојано имале навика да купуваат лото ливчиња. Во една пригода, едно од ливчињата кое Портнида го избрала било всушност добитно.

Среќниот пар требало да добие 6 милиони бати (околу 200.000 евра). Жената се согласила парите да ги поделат подеднакво. Парот дури направил и фотографија за спомен.

Парите сепак ја разбудиле алчноста во сопругот, при што од 6-те милиони, тој сакал нему да му припаднат 4, но кога сопругата не се согласила, тој направил скандал и избегал од нивниот дом заедно со добитното лотариско ливче.

Сопругата збеснала и ја замолила полицијата да го реши случајот, односно да преземат мерки нејзиниот маж да не може да добие никакви пари, без нејзина согласност.

Доколку сопругот ја признае вината, тој ќе се соочи со 3 години затворска казна.