среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

„Не сум сигурен на кој пол припаѓам“: Првиот маж во историјата што рекламира женски костими за капење

„Не сум сигурен на кој пол припаѓам“: Првиот маж во историјата што рекламира женски костими за капење

Луис Фрис, 21-годишен студент, ги руши сите граници, ги остварува своите соништа и пишува историја на патот. Имено, овој млад човек стана првиот човек кој се најде во финалето на „Sports Illustrated Swim Search“, додаток, кој секоја година го објавува американско списание, и во кој се претставени женски модели на костими за капење.

Како што рече, тој се пријавил затоа што верува дека славното списание „има моќ да го смени животот и начинот на размислување“.

– Сакам да работам со вас, а целта е да престанаме да ги осудуваме, критикуваме и мразиме оние што одбрале да бидат тоа што се – напиша Луис во својата апликација.

– Ниту еден маж, ниту една жена не треба да мисли дека мора да се вклопат во кој било наметнат стандард. Стереотипите не треба да го одредуваат нашиот пол, луѓето повеќе не треба да ја кријат својата личност, какви се.

Ова е втора апликација на Луис, а сега тој е меѓу 15-те финалисти за 2021 година.

– Преку овој процес, научив толку многу за себе, најважно е што научив за мојот идентитет – напиша тој во објава на својот Инстаграм профил, споделувајќи ја добрата вест.

– Да бидам искрен, не сум сигурен на кој пол припаѓам во моментот. Сè што можам да направам сега е да одам полека низ животот, ден за ден и да го споделам секој момент со вас – додаде тој.

Во интервју за списанието „Пипл“, Луис рече дека смета дека костимите за капење се само едно од унисекс парчињата облека.