вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

НЕ ВИ ТРЕБА ДЕТЕРГЕНТ Едно овошје ги отстранува дамките од садовите

НЕ ВИ ТРЕБА ДЕТЕРГЕНТ Едно овошје ги отстранува дамките од садовите

Секојдневно ги миеме садовите, а при тој процес користиме литри детергент. За среќа, искусните домаќинки открија со што друго можеме да ги измиеме

Повеќе не мора да пробувате различни детергенти за да ги добиете садовите од машината целосно чисти и блескави.

Садовите да ви бидат чисти и сјајни како на реклама, во машината треба само да ставите парче овошје кое сигурно го имате дома.

Лимон за садови

Лимонот е моќен сојузник во домаќинството бидејќи ни помага во различни задачи, од отстранување дамки до освежување на микробрановата печка.

А отсега можете да го користите наместо детергент.

Откако ќе ја наполните машината со садови, ставете парче лимон во неа и ставете го закачено на делот каде што ги редите чиниите или во контејнерите за прибор за храна.

Вклучете ја машината како и обично и кога ќе заврши миењето, садовите ќе бидат беспрекорно чисти и блескави.

Најдоброто нешто е што садовите ќе мирисаат убаво.