Небото овој месец ќе биде навистина разиграно, па љубителите на астрономијата ќе имаат полни раце работа, но и оние ентузијастите кои уживаат да гледаат нагоре.
На 7 мај веќе посведочивме на полната Месечина, а веќе денеска имаме друг феномен на небото: Меркур преминува во прерихел, односно ќе биде најблиску до Сонцето. За жал тоа нема да биде видливо со голо око.
До крајот на месецов ова се небесните настани кои ќе се појавуваат:
12 мај: конјункција на Месечината и Јупитер
12: конјункција на Месечината и Сатурн
14: кометата C/2017 T2 (PANSTARRS) ќе биде најсјајна достигнувајќи магнитудупост – ќе биде видлива со двоглед
14: Месечината ќе биде во својата последна четвртина
15: конјункција на Месечината и Марс
18: Сатурн и Јупитер ќе се доближат еден до друг на 4°41′
22: конјункција на Венера и Меркур која ќе биде теко видлива од Балканот бидејќи двете планети ќе се наоѓаат многу ниско по зајдисонцето
22: Млада Месечина
24: конјункција на Марс и Венера
29: ѕвезденото јато М4 ќе биде во поволна положба за набљудување; М4 се наоѓа близу црвенкастата ѕвезда Антарес во соѕвездието Скорпија
30: Месечината ќе биде во својата прва четвртина
31: конјункција на Марс и планетоидот Церера во соѕвездието Водолија; Марс привидно ќе помине покрај Церера на растојание од 7°56′, јужно.