Проклетството на фараонот е наводна магија за која се вели дека е фрлена на било која личност која ја вознемирува мумијата на моќниот Египќанец.
Се вели дека ова проклетство, кое не прави разлика меѓу крадци и археолози, предизвикува лоша среќа, болест, па дури и смрт.
Од средината на 20-тиот век, многу историчари тврделе дека проклетството е реално, поради необјаснивите околности кои се случиле по отворањето на древниот ковчег.
Фараоните долга низа години биле погребувани во долината на кралството на реката Нил во Египет, а 64 гробници се веќе отворени.
Меѓутоа, серијата “Топ 10 тајни и мистерии” покажува како едно откритие ги оставило истражувачите збунети и исплашени.
Познатата гробница Тутанкамон е откриена во 1922-ра година, а детално е опишана во еден документарец од 2017-та година.
Кратко по откритието, пријавени се мистериозни смртни случаи меѓу членови на тимови од археолози кои го пронашле гробот.
Овие случаи биле припишувани на клетвите кои фараонот ги фрлал за да ги исплаши ограбувачите на гробовите.
“Меѓутоа, повеќето смртни случаи може да се објаснат медицински, од 12 присутни луѓе во текот на отворањето на саркофагот, шест починале во рок од неколку месеци”, се наведува во документарецот.
Денес архелозите носат заштитни маски при влегувањето во таквите места. Свесни дека бактериите се активни во разградениот органски материјал и може да влезат во отворени рани и да ја прошират инфекцијата.
Меѓутоа, сите смртни случаи не може да се припишат на ова, а во прилог на тоа зборуваат и бизарните искуства кои и денес ги имаат некои истражувачи.
Некои детално опишале како доживеале многу живописни сништа, тврдејќи дека “ги прогонувале” мумии кои очигледно ги вознемириле.