четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Нејзината мајка и ја одгризала усната затоа што плачела: Почина девојчето чиј случај ја расплака цела Русија

Нејзината мајка и ја одгризала усната затоа што плачела: Почина девојчето чиј случај ја расплака цела Русија

Деветгодишната Катја Спесивцева од Русија почина поради неочекуван застој на работата на срцето.

Малата Катја на руската јавност и стана позната откако преживеала трагична тортура од својата мајка, 36 годишната Људмила, која во 2015 година и ја одгризала усната затоа што девојчето плачело.

Катја, која боледувала од церебрална парализа се разбудила една вечер и неутешно плачела што ја разлутило нејзината мајка. Бесна што девојчето ја разбудило, мајката и пришла на девојчето и почнала да се тресе и удира, но бидејќи девојчето уште посилно заплакало, во налет на хистерија мајката и ја одгризала усната.

Несреќното девојче со денови била во рани и болки пред Људмила да се одлучи да ја однесе на лекар. Детето веднаш било хоспитализирано, а докторите востановиле дека мајката во налет на бес се обидела и носот да го одгризе, но не успеала во својата умисла.

На девојчето во текот на прегледите и нашле бројни повреди и модрици по телот. Детето и било одземено на мајката и повеќе од една година поминала по бројни болници каде востановено дека боледува од низа болести кои се предизвикани од занемарување на детето.

Потоа среќата минатата година барем на кратко му насмеа среќата на овој ангел, затоа што се појави Ана Макарова- Бесполова, која одлучила да го посвои девојчето.

Катја последните години од животот уживала во љуботна и среќата која ја добивала од Ана и нејзиното семејство. А потоа пред некое утро Ана веќе можела да го разбуди девојчето.

-Не бевме спремни за тоа нашата Катја, нашата Катјуша да не напушти засекогаш. Огромна трагедија ни се случи, кажала Ана за медиумите.