вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Нема да им верувате на сопствените очи: Оваа оптичка илузија ќе ве изненади

Нема да им верувате на сопствените очи: Оваа оптичка илузија ќе ве изненади

Една од најновите илузии која ги измамува вашите очи и умот е оваа заматена комбинација од пастелни нијанси. Корисниците на социјалните мрежи буквално полудеа по неа. Погледнете ја убаво оваа фотографија:

На прв поглед, може да помислите дека оваа пикселизирана замаглена слика се должи на лошата интернет конекција, но еве за што се работи: ако се фокусирате во точката која се наоѓа во центарот на сликата, од 10 до 20 секунди, целата слика ќе почне да бледнее додека целосно не исчезне.

Оваа оптичка илузија е позната како Трокслер-ефект или Трокслер бледнеење и е именувана по човекот кој го открил во 1804 година, швајцарскиот лекар Игназ Пол Витал Трокслер.

Не е познато како точно се случува ефектот и дали мозокот или очите се тие што се одговорни за овој феномен. Меѓутоа, она што е јасно е дека после долго фиксирање на нештото, непроменливи стимуланси брзо исчезнуваат од нашата свест.

Трокслер ефектот се зголемува ако стимулансот е мал, со низок контраст или е заматен, како на дадената слика.