среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Нема да верувате, но оваа раскошна вила некогаш беше затвор (ФОТО)

Нема да верувате, но оваа раскошна вила некогаш беше затвор (ФОТО)

На пазарот за недвижности во Велс се појави поранешен затвор претворен во несекојдневна вила. Наречена „Coes Faen Hall“, т.е. меѓу мештаните позната како „Куќа на часовникот“, таа се наоѓа во Гвинед – на границата со Националниот парк Сноудонија.

Цената на имотот е 2,15 милиони фунти (2,55 милиони евра), а тој е опкружен со многу зеленило и шуми од едната и – морето од другата страна. Имотот е посебен и по својата историја, стара со векови… Меѓу другото, познато е и тоа дека порано бил судница и затвор.

Занданите и ќелиите се претворени во соби, а просторијата со стаклен прозорец што денес се користи за гледање филмови, порано се користела за следење на тунелите во кои затворениците се движеле. Денешната дневна соба порано била судницата, а вилата има и шест спални, четири дневни соби, четири бањи и вежбалница.

Кујната на отворено води до верандата, која се протега околу зградата и нуди панорамски поглед на планините и морето. Вилата е силно осветлена благодарение на големите прозорци, а оригиналниот градежен камен е одлично комбиниран со современите модерни детали.

Ова место овозможува бројни активности – риболов, едрење, кајакарство, до сурфање на ветер и гледањето делфини и фоки. (МИА)