недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Непроценлива жртва за светското чудо: Морничава тајна се крие за изградбата на Кинескиот ѕид

Кога целиот ѕид бил поврзан, се протегал на вкупно 8.851 километар. Имал просечна висина од 15 и ширина од седум метри. Унеско во меѓувреме го стави на својата листа на светски заштитени работи, а до денес остана една од најфасцинантните градби направени со човечка рака.
Непроценлива жртва за светското чудо: Морничава тајна се крие за изградбата на Кинескиот ѕид

Иако не се гледа во месечината, во што многумина уште погрешно веруваат, Кинескиот ѕид и покрај тоа, е една од најпознатите градби на светот. Кога ќе прочитате какви се тајни крие ќе ви биде уште повеќе фасцинантен.

Кинескиот ѕид е граден со векови, прво бил утврден за одбрана од нападите, градбата започнава уште во петтиот век пред Христосс, а изградбата е продолжена се до 17 век. Најпознатите делови од ѕидот сепак се градени меѓу 15 и 17 век, за време на династијата Минг, кога ѕидот добил препознатлив облик кој и ден денес најчесто го гледаме на фотографиите.

Кога целиот ѕид бил поврзан, се протегал на вкупно 8.851 километар. Имал просечна висина од 15 и ширина од седум метри. Унеско во меѓувреме го стави на својата листа на светски заштитени работи, а до денес остана една од најфасцинантните градби направени со човечка рака.

Секако, со таква градба се поврзани и бројни легенди. Од колено на колено радо се пренесува приказната за племенитата и храбра девојка Менг Џијанг Ну, која се заљубила и омажила за Фан Сјилианг.

Иако сакала да го сокрие својот маж од кинеските власти, кои барале работна сила за изградба на ѕидот, Фан го одвеле баш поради тоа. Менг повеќе од една година не слушнала никаква вест за својот драг, па одлучила да го посети.

На долгото патување кое траело цели две години, наишла на многу природни препреки, но конечно до делот на ѕидот каде работел нејзиниот сопруг. Поминала толкав пат за дознае дека Фан починал од исцрпеност.

Откако го слушнала тоа, Менг не можела да ги задржи солзите. Плачела три дена цело време. Легендата вели дека поради толкавиот плач, Менг со солзите срушила дел од ѕидот.ж

Легендата за Менг и Фан настанала за да покаже на тоа колку луѓе со живот платиле за изградба на ѕидот, работејќи во тешки и невозможни услови. Некои историчари тврдат дека ѕидот го граделе два милиони работници, од кои многу завршиле со фатални последици поради неухранетост, умор или поради несреќен случај.

Постојат и морничави приказни дека сите тие тела се заѕидани во Кинескиот ѕид и дека станале дел од туристичката атракција, која секоја година ја посетуваат милиони туристи од целиот свет.