Одморалиштето Коко Прајв на Малдивите е фантастично место за уживање во луксуз и одмор, а тоа задоволство чини 45.000 долари по една ноќ.
Станува збор за приватен остров кој нуди бегство од секојдневието.
Преубавото одморалиште на Малдивите е чист луксуз, а на оние кои ќе го изнајмат на располагање им нуди многу што.
На островот работат 30 луѓе, кои се грижат за се што им е потребно на гостите.
Гостите на островот пристигнуваат со приватна луксузна јахта, директно од аеродромот, а ги чека подрум со вино, бар со коктели, теретана на отворено и внатрешна теретана, базен со должина од 40 метри и многу други работи.
Оние кои сакаат масажа, можат да повикаат физиотерапевт. Исто така, на гостите на располагање име е приватен готвач, кој ги спрема јадењата по нивна желба.
Погледот е брилијантен, а во текот на ноќта со голо око се гледа Млечниот пат.