среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Неверојатна приказна: Пингвин секоја година минува повеќе од 8.000 километри за да посети еден човек

Неверојатна приказна: Пингвин секоја година минува повеќе од 8.000 километри за да посети еден човек

Бразилски рибар пронашол пингвин во критична состојба. Покриен со масло и залепен за карпа. Добриот човек го избањал и нахранил и очекувал дека животното ќе оздрави и отиде во потрага по своето семејство.

Пингвинот го добил името Диндим и одбивал да си замине од својот нов пријател. Останал полни осум месеци, а потоа едноставно исчезнал.

Човекот кој го спасил и негувал бил тажен, но знаел дека така мора да биде.

Она што не го очекувал е дека Диндим некогаш ќе се врати. Но, малечкиот пингвин знаел дека мора да го посети својот спасител и последните години секоја година го посетува и некое време минува со него.

Диндим доаѓа кога ќе посака и исто така си заминува. Ова пријателство е навистина прекрасно и неверојатно, а дури и научниците ги оставил изненадени, бидејќи Диндим препливува повеќе од 8.000 километри за да се сретне со пријателот.