Адам Вокер од Велика Британија засекогаш ќе им биде благодарен на јатото делфини што го спасиле од напад на голема бела ајкула на брегот на Нов Зеланд.
Адам пливал во водата кога недалеку од него се појавила огромна ајкула, која најверојатно ќе го нападнела доколку делфините не дошле напомош.
Делфините формирале заштитен прстен околу Адам, спречувајќи ја ајкулата да му се доближи.
„Случајно погледнав и видов ајкула, беше неколку метри под мене. Се обидов да не паничам“, рекол Адам.
„Мислам дека ме штитеа и сакаа безбедно да стигнам до мојата дестинација. Секогаш ќе го паметам ова пливање“, изјавиl Адам.
Држејќи се во јато, делфините се бранат од напад на ајкула, а смелите суштества често го вознемируваат предаторот и го бркаат.
Никогаш нема да дознаеме дали делфините го направиле ова за да го одбранат Адам, но во секој случај ја избркале ајкулата од него.