Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради силните дождови и поплавите и додека властите ги молат луѓето да не излегуваат од дома, многумина мораа да бидат спасени од пороите, а некои ја искористија бурата за забава.
На Твитер се појави снимка од Њујорчанец како лежи на душек и пуши наргиле.
„Кога животот ти дава лимони, направи лимонада“, се пошегуваа твитерџиите кога се појави видеото. Наводно, необичната сцена е снимена во Бронкс.
When life hands you lemons pic.twitter.com/wnFMKZHiNO
— Barstool New York (@BS_NewYork) September 2, 2021
Инаку, во Њујорк е во сила забрана за патување, возилата што не се итни не смеат да бидат на пат, речиси сите градски линии на метрото се суспендирани.