среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ново откритие во Египет: Пронајдена уникатна гробница стара 4.400 години

Ново откритие во Египет: Пронајдена уникатна гробница стара 4.400 години

Египетски археолози пронајдоа уникатна гробница која му припаѓала на египетски владетел од времето на Петтата династија. Гробницата е стара 4.400 години и се наоѓа во Сахара.

Министерот за антиквитети, Халед ал-Анани ја соопшти веста за ова големо откритие. Станува збор за исклучително добро сочувана гробница во која се наоѓаат статуи со различни форми и големини, а ги претставуваат владетелот и неговото семејство.

Египет во последните години многу вложува во туризмот, кој е драстично намален од 2011 година по насилните политички превирања во земјата.