вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Новооткриен вид змии во Перу го доби името по Харисон Форд

Новооткриен вид змии во Перу го доби името по Харисон Форд

Новооткриен вид змии пронајдени во Перу го доби името по холивудскиот глумец Харисон Форд, кој е и познат еко-активист.

Бледожолтеникаво-кафеавата змија со црни дамки, откриена од истражувачи од Перу и САД на планините Анди, е наречена „Тачименоидес харисонфорди“ (Tachimenoides harrisonfordi). Форд, кој е потпретседател на непрофитната група „Меѓународна конзервација“ (Conservation International), смета дека откритието е потсетник дека има уште многу да се научи за дивиот свет. Новиот вид е била откриен во Националниот парк „Отиши“ во Перу, пренесува „Туко”.

– Луѓето се само мал дел од неверојатно огромната биосфера. На оваа планета, сите судбини се испреплетени, а во мигов милион видови се на работ на заборавот. Имаме егзистенцијална задача да го поправиме нашиот нарушен однос со природата и да ги заштитиме местата што го одржуваат животот, изјави Форд.

И вид мравки, како и пајаци веќе се именувани по американската акциона ѕвезда. Во 1993 година е откриен „Калпонија харисонфорди“ (Calponia harrisonfordi) – т.н. калифорниски пајак, а неколку години подоцна и мравката „Фејдоле Харисонфорди“ (Pheidole Harrisonfordi) влезе во списокот познати видови.

За разлика од филмскиот лик по кого е можеби и најпознат – Индијана Џонс, Форд повеќепати истакнал дека сака змии. А пак, за новиот вид, вели дека „брзо нашол блискост“ со нив.

– Змијата има очи во коишто „може да се удавите“ и повеќето денови ги минува сончајќи се покрај базен со нечиста вода – веројатно јас и тие би биле пријатели во раните 60-ти“, се пошегува тој.

Истражувањето за „Тачименоидес харисонфорди“ покажува дека влекачите се особено изложени на опасност од истребување и оти над петтина од сите влекачи денес се загрозен вид.