вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Њујорк тоне под тежината на огромните облакодери

Њујорк тоне под тежината на огромните облакодери

Тонењето е мало, 1-2 мм годишно, но сепак е пат надолу што ја зголемува опасноста од поплави

Њујорк делумно тоне поради извонредната тежина на неговите вртоглави згради, влошувајќи ја заканата од поплави што ја изложуваат метрополата од зголемените мориња, покажа новото истражување.

Големото јаболко можеби е градот кој никогаш не спие, но тој е град кој секако тоне, спуштајќи се за приближно 1-2 мм секоја година во просек, при што некои области на Њујорк паѓаат со двојно повеќе, според истражувачите.

Ова тонење го влошува влијанието на покачувањето на нивото на морето кое се забрзува со околу двојно повеќе од глобалниот просек, бидејќи глечерите во светот се топат и морската вода се шири поради глобалното загревање. Водата што го опкружува Њујорк се зголеми за околу 22 сантиметри, од 1950 година, а големите поплави од бури би можеле да бидат до четири пати почести отколку сега до крајот на векот поради комбинацијата на пораст на морското ниво и урагани.

„Длабоко концентрирана популација од 8,4 милиони луѓе се соочува со различни степени на опасност од поплави во Њујорк“, напишаа истражувачите во новата студија, објавена во списанието Earth’s Future.

Авторите додадоа дека ризиците со кои се соочува Њујорк ќе бидат споделени и со многу други крајбрежни градови ширум светот додека се продлабочува климатската криза. „Комбинацијата на тектонско и антропогено слегнување, покачувањето на нивото на морето и зголемениот интензитет на ураганите подразбираат забрзан проблем долж крајбрежните и речните области“, напишаа тие.

Овој тренд се зголемува со огромниот дел од изградената инфраструктура во Њујорк. Истражувачите пресметале дека градбите на Мехетен, кои ги вклучуваат познатите Емпајер стејт билдинг и Крајслер билдинг, тежат вкупно 760милиони тони, што е приближно еднакво на тежината на 140 милиони слонови.

Оваа огромна тежина го турка надолу купот од различни материјали пронајдени во теренот во Њујорк. Додека многу од најголемите згради се поставени на цврста основа, како што е шкрилецот, има мешавина од други песоци и глини над кои се гради, што придонесува за ефектот на тонење што природно се случува долж поголемиот дел од источниот брег на САД како што земјата реагира на повлекувањето на огромните глечери по крајот на последното ледено доба.

„Не е нешто за веднаш да се паничи, но постои овој тековен процес што го зголемува ризикот од поплави“, рече Том Парсонс, геофизичар во Геолошкиот институт на САД, кој го предводеше новото истражување.

„Колку е помека почвата, толку поголема е компресија од зградите. Не беше грешка да се градат толку големи згради во Њујорк, но само треба да имаме на ум секој пат кога ќе изградите нешто таму, ќе притискате малку повеќе во земјата“.