среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Објавена листа на 10 најпогодни светски градови за живот – првото место повторно го зазеде европската престолнина

Објавена листа на 10 најпогодни светски градови за живот – првото место повторно го зазеде европската престолнина

„Economist Intelligence Unit“ (EIU) објави листа на светски градови во кои е најпогодно за живеење во 2023 година, а Виена повторно го зазеде првото место.

Според истражувањето на „EIU“, на листата се пронајдоа 173 градови ширум светот, а се одредени на основа на повеќе фактори како што се здравствената нега, образование, инфраструктура, околина, стабилност и сигурност.

Виена го задржа своето прво место на индексот на „EIU“, добивајќи пофалби за сигурна инфраструктура, извонредна култура и забава и беспрекорни образовни и здравствени услуги. По него следува главниот град на Данска – Копенхаген.

За големи повратници на овогодишната листа се сметаат австралиските градови Мелбурн и Сиднеј кои се наоѓаат на третото и четвртото место на оваа листа. Во изминатите години, Сиднеј не ни беше во топ 10 најпогодни градови за живот, а Мелбурн беше на 10-то место.

Интересно е што дури 3 града од Канада се најдоа во топ 10 – Ванкувер (5-то место), Калгари (7-мо место) и Торонто (9-то место).

Јапонскиот град Осака исто така се најде на оваа листа, каде го зазеде 10-то место. Овој град доживеа благ пораст во оцените за културата и околината, а во тоа помогна и намалувањето на ковид мерките.

Во меѓувреме, Швајцарија која важи за една од најдобрите држави за живот, доби свои два „претставници“, а тоа се Цирих кој го зазеде 6-то место и Женева која се најде на 8-то место.