Откако двајца Македонци беа хит во обложувачкиот свет со огромни добивки, нов балкански мајстор за обложување се појави во Хрватка кој вчера успеал да погоди ни помалку ни повеќе туку пет точни резултати.
Станува збор за обложувач од Шибеник, кој со 10 куни (околу 80 денари) успеал да заработи 430.000 куни (57.000 евра), откако погодил пет мечеви со точен резултат 2-1 во италијанската Серија Б.
Интересно, вчера во второлигашката конкуренција на Апенините, дури седум меча од осумте кои се играа завршија неверојатно со ист резултат – 2-1.