Двајца италијански мафијаши, Џовани Илијано (48) и Силвио Де Лука (41) по излегувањето од затвор се дочекани со огномет во близина за Неапол.
Илијано и Де Лука одлежале осумгодишна, односно десетгодишна затворска казна за рекетирање.
Во Монтерушел, западно од Непаол, стотици роднини и пријатели го дочекаа со шампањ, огномент и други светлосни ефекти. Во чест на нивното враќање во родното место, познато по препродажба на дрога, изнајмен е изведувач на традиционални наполитански песни, Антоно Илардо, кој многу од своите композиции им ги посвети на мафијашите кои се се уште зад решетки.
Една од најпопуларните песни говори за бегство од затвор, а останатите се посветени на оние кои и натаму се во затвор.
И самиот пејач и е познат на полицијата зошто се поврзан со босот на кланот „Ванела Граси“, Карло Авалоне, за кого велат дека е автор на една од неговите песни.
Авалоне е уапсен пред две години и осуден на 16 години робија поради бројни кривични дела.
Сето тоа е организирано без општинско одобрение, и со кршење на наредбата за забрана на огномет која ја издал локалниот градоначалник.
Двајцата мафијаши се поврзани со кланот Бенедуче – Лонгобарди.