Дали имате „соколово око“, проверете со најновата загатка
Исто како и нашите мускули, нашиот мозок треба да се тренира и да се одржува во добра форма. И, се разбира, еден од најдобрите начини да го направите ова е редовно да ги тестирате вашите моќи за набљудување.
Решавањето загатки и мозочните закачки ги вежба мозочните клетки, што помага да се подобри меморијата, додека визуелните загатки помагаат да се тренираат очните мускули.
Денешната загатка е тренинг за вашите очи. На неа има толпа луѓе, меѓу кои е скриена и една мачка. Ваша задача е да го пронајдете животното за само 17 секунди.
Дали го најдовте?
Мачката е добро скриена и многу тешко се наоѓа. Се вклопува со насмеаните лица, а само дел ѕирка меѓу нив. Доколку сè уште не ја најдовте мачката, погледнете го одговорот подолу.