вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Оптичка илузија ги стави луѓето во двоумење: Што гледате, а што е вистина открива психолог

Оптичка илузија ги стави луѓето во двоумење: Што гледате, а што е вистина открива психолог

Оптичката илузија ги полуде луѓето, а психолог откри што зборува за вас првото нешто што ќе го видите на фотографијата!

Една фотографија стана хит на социјалните мрежи, откако луѓето почнаа да се расправаат – еден дел од нив тврди дека на фотографијата се гледа како куче истрчува надвор од шумата, други гледаат како човек со ранец истрчува во шумата.

Иако многумина се убедени дека има човек на фотографијата, тоа е всушност куче кое трча кон објективот на фотоапаратот.

На многумина им е тешко да видат куче на оваа слика, а психологот Ли Чемберс откри што зборува за вас првото нешто што ќе го видите на фотографијата.

“Она на што прво се фокусираа вашите очи игра голема улога во перцепцијата на фотографијата, но важна е и вашата моментална психолошка состојба. Ако сте моментално вознемирени, многу е поголема веројатноста да видите како маж прв бега. Тоа исто така покажува дека сте песимистички и немате премногу доверба во другите, гледате како нешто бега, а не нешто што се приближува “.

Чемберс вели дека ако се чувствувате психолошки добро во моментот, поголеми се шансите да видите куче кое оди „кон вас“.

-Тоа исто така покажува дека сте оптимист, секогаш гледате како нешто влегува во вашиот живот, гледате куче како ужива во снежната идила, додава тој.