четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Оптичка илузија која ги полуде луѓето: Колку бројки гледате на сликата? (ВИДЕО)

Оптичка илузија која ги полуде луѓето: Колку бројки гледате на сликата? (ВИДЕО)

Сите даваат различни одговори

Оптичките илузии привлекуваат големо внимание на социјалните мрежи, а се и одличен начин за забава.

Видеото кое беше објавено на „TikTok“ наиде на големи контроверзии бидејќи луѓето не можеа да утврдат колку бројки гледаат на сликата и постојано даваа погрешни одговори.

Повеќето луѓе гледаат различен број во оваа оптичка илузија. Кој број го гледате вие?

„Го гледам само бројот 528“, напишал авторот на видеото, а луѓето почнаа да пишуваат разни бројки.

„Точниот број е 45283“, „Не, туку 64288“, „Го гледам само бројот 2“, „Сто проценти е 5285“ и „Човеку, има многу бројки“ се дел од коментарите под видеото.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

И кој е точниот број? По многу гледање и последователни истражувања, ви ја пренесуваме тајната.

На сликата е бројот 3452839. Повеќето луѓе најмногу се мачеа со првата и последната цифра, поради шаблонот што ги покрива.