петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ослободете се од подбрадокот со неколку лесни вежби

Ослободете се од подбрадокот со неколку лесни вежби

Како и другите телесни мускули, мускулите на лицето може да се активираат и да се преобликуваат. Подбрадокот обично се јавува како резултат на прекумерна тежина или неактивност.

Доколку овој проблем ви пречи, ќе го решите доколку ја стимулирате работата на мускулите на вратот. Ова ќе ги намали масните наслаги на овој дел од телото.

Луѓето често занемаруваат дека мускулите на лицето го губат тонот ако не се стимулираат. И како што старееме, кожата ја губи својата еластичност, се опушта.

Во видеото можете да погледнете вежби кои се ефикасни за отстранување на подбрадокот и за затегнување на кожата. Со нив обидете се да пиете повеќе вода и намалете ја количината на сол што ја внесувате.