вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

ОТКРИЕНИ ТРИ НОВИ ЕГЗОТИЧНИ ЧЕСТИЧКИ: Научниците од Големиот хадронски судирач имаат нешто да ви кажат

ОТКРИЕНИ ТРИ НОВИ ЕГЗОТИЧНИ ЧЕСТИЧКИ: Научниците од Големиот хадронски судирач имаат нешто да ви кажат

Научниците од Големиот хадронски судирач(ГХС) од ЦЕРН во Женева имаат нешто да ви кажат. Тие открија три нови „егзотични“ честички од типот кваркови. ГХС долго време беше исклучен, но сега повторно го вклучија, откриваат научниците во соопштение. Цевката во форма на прстен долга 27 километри под градот е позната по тоа што таму беше најден Хигзовиот бозон, божјата честичка од раниот универзум, со која се мислеше дека физиката, едноставно, ќе заврши.

Но, ова мириса на нов почеток. Првата од новите честици се вика „пенатакварк“, а другите две се пар на „тетракваркови“, пишува ИнтересноИнженерство.

– Пронаоѓањето на нови видови тетракваркови и пентакваркови и мерењето на нивните својства ќе им помогне на теоретичарите да развијат унифициран модел на егзотични хадрони, чија точна природа е во голема мера непозната – рече портпаролот на ГХС, Крис Паркс.

– Тоа исто така ќе помогне подобро да се разберат конвенционалните хадрони – додава тој.

Кварковите се елементарни честички кои се комбинираат, најчесто по два или по три, за да формираат хадрони, а тоа се протоните и неутроните. Ретко, кварковите се врзуваат во поголеми комбинации како четири-кваркови, пет-кваркови честички, што би се рекло тетракваркови и пентакваркови.

– Колку повеќе анализи правиме, толку повеќе видови егзотични хадрони наоѓаме – објасни физичарот Нилс Тјунинг во изјавата на ЦЕРН.

– Сведоци сме на период на откривање сличен на 1950-тите години, кога почна да се открива цела „зоолошка градина со честички“ од хадрони и на крајот ова доведе до моделот на кваркови на конвенционалните хадрони во 1960-тите.

Големиот хадронски судирач, најголемата лабораторија за физика во светот, првпат започна со работа во 2008 година, а масивните судари забележани помеѓу 2010-2013 година ги дадоа првите докази за честичката на Хигзовиот бозон. Оттогаш ГХЛ е одговорен за откривањето на 66 хадрони.

Во март годинава, ЦЕРН објави дека ја прекинува соработката со руските научници по руската инвазија на Украина. Во април, по три години офлајн поради рутинско одржување и доцнење со кризата од ковид-19, Судирачот се активираше уште еднаш, за речиси веднаш да собори нов рекорд!

Во подготовките за својата трета серија на експерименти, забрзувачот на честички ги создаде најенергичните зраци на протони што некогаш ги направиле луѓето, со енергија од 6,8 трилиони електронволти (TeV).

Се очекува ГХЛ да работи и да открие доста нови нешта до неговото втро планирано исклучување помеѓу 2025 и 2027 година. ЦЕРН имаат планови и за негов наследник наречен Future Circular Collider од 20 милијарди евра. Новата цевка би можела да ни открие многу тајни на универзумот, вклучително и тајните на темната материја.