Дубаи е веќе познат по монументалните и гламурозни градби, а оваа година го добиваат и највисокиот хотел во светот.
Хотелот Гевора би требало да биде отворен во првата половина од 2018 година.
Ќе биде висок 365 метри, што е 10 метри повеќе од моментално највисокиот хотел на светот, Мериот Марквис, кој исто така се наоѓа во Дубаи.
Новиот хотел ќе има 528 соби на вкупно 75 ката. Посебно внимание привлекоа со златните детали, но и воодушевува со погледот од покривот.
Хотелот има четири ресторани, вклучувајќи кафуле, бар на базенот и медитерански ресторан.