среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ова кај нас нема да биде ни за 100 години: Погледнете како изгледа „шпицот“ во сообраќајот во Копенхаген

Ова кај нас нема да биде ни за 100 години: Погледнете како изгледа „шпицот“ во сообраќајот во Копенхаген

Нема подобар ден од понеделник за да дознаете како изгледа „шпицот“ во сообраќајот во другите светски градови.

И додека кај нас сме навикнати на колони автомобили додека одиме накај работа или се враќаме дома, во Данска, поточно во Копенхаген тоа изгледа малку поинаку.

Еден ТикТок корисник објавил видео од сообраќајниот „шпиц“ во Копенхаген на кое се гледа непрегледна колона од велосипедисти. Снимката е прегледана над 700 илјади пати, а во коментари тој објаснил дека е направена во август, околу 8:50 часот наутро.

@virtualwayfarer Danish rush hour isnt like other rush hours… #copenhagen #denmark #funny ♬ original sound – Alex

Велосипедизмот е длабоко вкоренет дел од данската култура

Инаку, Данците веќе неколку години се на врвот на листата на најсреќни нации на светот, а многумина веруваат дека една од причините е тоа што практикуваат поинакви секојдневни рутини од остатокот од светот. Тие дневно во просек поминуваат 1,6 километри со велосипед, а велосипедизмот е длабоко вкоренет во данската културата.

Претходните податоци покажуваат дека во Копенхаген има повеќе велосипеди отколку жители, а се пишуваше дека дури и данското кралско семејство ги придружува децата на училиште со велосипеди. Копенхаген е промовиран и како најдобар главен град во светот за велосипедисти. 49 отсто од сите патувања на работа или училиште во Копенхаген се извршуваат со велосипед.