Не сите сме тимски играчи и не треба од секого да се очекува да се снајде во голем колектив. Некои луѓе, едноставно, најдобро се снаоѓаат во индивидуалните професии кои бараат што помалку контакти со други лица.
Сподед податоците на Департментот за труд во САД, постојат одредени професии кои би биле идеални за ваквите индивидуалци, но кои ниту тие ќе го чувствуваат притисокот на тимот, ниту пак некој друг ќе мора да се прилагодува на нив.
Така, меѓу професиите кои бараат најмалку човечки контакт се изработувач на калапи, саатчии, превозници на земјоделски алати, но и математичари кои не се наставници во училишта, ниту пак на каков било начин предаваат некаде.
Потоа следуваат економисти кои се занимаваат со монетарна и фискална економија, керамичари и вајари, како и изработувачи на најразлични украси и накит наменет за продажба, но не и по порачка.
Меѓу професиите кои се препорачливи за антисоцијални луѓе се и рачната работа како што е обработка или полирање на материјали и тестирање на геолошки примероци во лабораторија. Овие луѓе лесно би се снашле и во производствен погон каде имаат точно одредена задача, на пример мониторинг на процесот и интервенција доколку тоа е потребно.
Во текстилната индустрија можете да ги најдете кај кројачите или шивачите кои ги спојуваат искроените парчиња, пред да ги предадат на крајна доработка.
Исто така, одлично им „лежи” и рачна работа, како што се плетење, шиење, изработка на накит и модни додатоци, како и домашна козметика.
Последните три професии во кои антисоцијалните луѓе најлесно се снаоѓаат се пишувањето (поезија, проза, есеи, па дури и книги), земјоделците и фармерите кои домашно одгледуваат зеленчук и обработуваат земја, а по нив следат ловците, кои ловат диви животни за различни намени.
Но, врв во новите професии се секако блогерите, осамени професионалци кои комуницираат со иладници други луѓе но, ни по која цена не сакаат да се сретнат со никого од нив.