Едноставен начин за виткање подароци станал вирален хит на социјалните мрежи.
Британската компанија Waterstones, која се занимава со продажба на книги, на Твитер објавила куса снимка на која се гледа како да завиткате подарок кога ви недостасува хартија.
Видеото за само неколку дена го погледнале повеќе од 16 милиони лица.
Многумина се прашувале како тие не се сетиле подарокот да го свртат дијагонално и биле воодушевени со трикот, иако ги имало и оние на кои ова не им било ништо ново.
This is a public service announcement ? ? ?pic.twitter.com/vCYELqyVQa
— Waterstones (@Waterstones) December 16, 2019