Огромна јагода тешка 289 грама никна во Израел и влезе во Гинисовата книга на рекорди како најтешка досега видена во светот, објавија денеска израелските медиуми.
Јагодата порасна на плантажата на семејството Ариел во Кадима-Зоран, во централниот дел на Израел.
Била наберена пред една година, но рекордот бил потврден дури оваа недела.
„Резултатите ги чекаме една година. Ја чувавме во замрзнувач повеќе од една година. Таа веќе не е убава како порано“, изјави Чахи Ариел, сопственик на плантажата „Јагоди на поле“, пренесе Асошиетед прес.
Огромната јагода е локална сорта наречена Илан која може многу да расте. Семејството рекло дека за една година рекордната тешка јагода е преполовена.
Претходниот рекорд бил поставен во Јапонија во 2015 година во Фукуока. Таа јагода тежела 250 грама.
За Израелците чекањето вродило со плод. „Среќни сме што сме во Гинисовата книга на рекорди“, соопштиле Ариел.
Израелските медиуми објавија дека јагодата била долга 18 сантиметри и полека растела повеќе од 45 дена, поради што била толку голема кога созревала.