понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Оваа снимка ги шокираше сите, а сега се огласи свештеникот кој го удри детето на крштевка- еве што кажа

Оваа снимка ги шокираше сите, а сега се огласи свештеникот кој го удри детето на крштевка- еве што кажа

Неодамна на интернет се појави шокантна снимка која разбесни многумина, а на која се гледа како свештеник удира дете за време на крштевка.

Во текот на крштевањето, бебето во рацете на свештеникот не престана да плаче, а тој направи нешто што многумина го осудија- на детето му удри шамар. После овој ужасен потег таткото тргна да му го земе детето на свештеникот, а тој се тргаше и настана вистински хаос.

Иако имаше информација дека настанот се случил на Карибите, во меѓувреме беше откриено дека ова е во Франција.

Инаку, свештеникот е 89-годишниот Жак Лакрој, а настанот се случил во црква во југоисточните предградија на Париз.

-Ова е крајот на мојата служба, изјавил свештеникот откако снимката го шокираше светот.

Свештеникот жали за сè, но, се правда дека не го удрил силно.

-Тоа беше нешто помеѓу галење и удирање, се надевав дека ќе го смирам, но не успеав. Детето врескаше, морав да му ја свртам главата за да полеам со вода, потенцирал свештеникот и додал:

„Му се извинувам на неговото семејство. Ова е крај на мојата служба, тоа беше моето последно крштевање, на сé еднаш му доаѓа крајот“.