29-годишната Екатерина Лисина е руски модел и го држи првото место за жена со најдолги нозе во светот.
Таа дури ќе биде и запишана во Гинисовата книга на рекорди. Ногата и е долга 133 сантиметри, а Екатерина е висока 2 метра и 5 сантиметри.
Кажува дека нема проблем со височината и дека за еден маж да и го „фати окото“ не треба да е висок.
-Си ја сакам височината. Тоа е невообичаено, а се што е невообичаено привлекува внимание, вели таа.
Височината има и недостатоци, а еден недостаток е кога Екатерина патува со авион. Таа кажува дека не може да се протегне ако не патува со бизнис класа.