четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Овде температурата паѓа и до -70: Во најладното село на светот луѓето живеат долго, ќе се шокирате кога ќе слушнете зошто (ВИДЕО)

На такво ладно време тешко е да се запали автомобил, а кога ќе се загрее првите неколку километри мора да оди само прави, затоа што при вртење може да падне тркало.
Овде температурата паѓа и до -70: Во најладното село на светот луѓето живеат долго, ќе се шокирате кога ќе слушнете зошто (ВИДЕО)

Селото Ојмјакон на далечниот исток на Русија е најладната точка на планетата. Просечната температура изнесува -50 степени, а најниската некогаш забележена е 71,2 степени целзиусови.

Во Ојмјакон чие име иронично значи „да се одмрзне вода“, живеат 500 жители, а крајот е познат по долговечните жители. Се хранат со риба и месо од ирваси, а во единствената продавница која ја имаат купуваат други намирници.

Жителите главно јадат месо затоа што земјоделските култури е скоро невозможно да се имаат во овие услови, посебно затоа земјата е скоро секогаш смрзната.

Покрај тоа, меѓу нив нема глади. Лекарите тоа го објаснуваат со фактот дека внесуваат доста полномасно кравјо млеко.

На мразот под -60 степени за неколку секунди може да се замрзне лицето ако со нешто не се заштити. Живата во термометрите замрзнува, а кога врела вода ќе се стави во чаша и истури во воздухот, се претвора во снежен облак.

На такво ладно време тешко е да се запали автомобил, а кога ќе се загрее првите неколку километри мора да оди само прави, затоа што при вртење може да падне тркало.

Во текот на летните месеци просечната температура е 15 степени, иако во 2010 година била измерена рекордно високата температура досега 35 степени.

Преку зима деновите често се мрачни со само три часа светлина,  но летните денови селото има и до 21 сончев час.