Два портрети на холандскиот барокен сликар Рембрант ван Ријн, до сега непознати за пошироката јавност и во приватна колекција веќе 200 години, денеска беа продадени на аукција во Лондон за повеќе од 13 милиони евра.
Аукциската куќа Кристи се надеваше дека двата портрети ќе се продадат од шест до девет милиони евра, но тие беа продадени за вкупно 13,122 милиони евра.
Сликите, масло на платно на холандскиот уметник од 17 век, останале во исто семејство додека експерт од аукциската куќа Кристи не ги забележал за време на рутинска проценка.
Портретите, за кои се верува дека потекнуваат од 1635 година, прикажуваат еден постар водоводџија по име Јан Вилемш ван дер Плујм и неговата сопруга Јапген Карелс.
Двојката била меѓу семејните пријатели на Рембрант и потекнувала од неговиот роден град Лајден. (МИА)