Јапонецот Масазо Нонака кој има 112 години, официјално е прогласен за најстар маж на светот, соопшти Гинисовата книга на рекорди.
Неговото семејство ја откри тајната на неговата долговечност, а тоа е слабост за слатки и долготрајно капење во извори со топла вода.
На свеченоста во Ашора, на северниот јапонски остров Хокаиду, на Нонаки кој е роден на 25 јули 1905 година, официјално му е предадена потврдата дека со 112 години и 259 дена е најстариот човек на светот.
Тој тоа место го „наследи“ од Франциско Нуњез Оливера, кој во февруари оваа година почина на 114 години.
Јапонецот живее со своето семејство кое веќе со генерации држи традиционална јапонска гостилница „риокан“, каде гостите можат да се капат во вулкански извори на жешка вода.
-Се движи во количка, но е во добра состојба, изјави неговата внука за Франс прес. Таа додала и дека тој ги обожава сите видови на бонбони, дека секој ден чита весници и често за бања во топлите извори.
Тој има седум браќа и една сестра, се оженил во 1931 година и има пет деца.
Од Гинис трагаат по најстарата жена на светот. Претходната рекордерка, Јамајканката Вајолет Браун, почина во јули 2017 година на 117 години.
Јапонците се долговечни, па таму има повеќе кои биле најстари мажи на светот, меѓу нив е Џироемон Кимура , кој во 2013 година почина на 116 години и Сакари Момои, кој почина на 112 години во 2015 година.
Според официјалните податоци, минатата година во Јапонија имало 68.000 стогодишници.
Рекордот за долговечност и за жени и за мажи и понатаму го држи Французинката Жан Калман, која почина во 1997 година, со 122 години и 164 дена, наведува Гинис.