сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

Овој млад човек ослабел 62 килограми за седум месеци: Кога го виделе – ниту родителите не можеле да го препознаат (ВИДЕО)

Овој млад човек ослабел 62 килограми за седум месеци: Кога го виделе – ниту родителите не можеле да го препознаат (ВИДЕО)

Брајан О’Киф од Ирска тежел повеќе од 150 килограми кога се преселил во мало село во Шпанија, ја напуштил работата и прекинал секаква комуникација со семејството и пријателите.

Седум месеци подоцна изгубил дури 62 килограми и отишол дома во Ирска за да ги изненади најмилите, а нивните реакции ги објавил на ТикТок.

О’Киф бил уморен од прекумерната тежина и непријатноста во своето тело. За време на својот живот во Ирска пробувал многу различни диети, но ниедна не му успела.

Еден ден одлучил да преземе радикален чекор за конечно да се доближи до својата цел – губење на тежината.

@the.okeeffe Believe in yourself #transformation #discipline #motivation #weightloss #bodypositivity ♬ billionaire – coinyes

Брајан бил очаен, пребарувал на Интернет методи за слабеење и пробувал многу работи. Му ставиле дури и гастричен балон за да го намали обемот на стомакот. Секојпат кога пробувал нова диета, забележувал мали разлики, но брзо ја враќал целата тежина. На 29 години имал преку 150 килограми.

Причината за неговата радикална промена била книгата „Can’t hurt Me“ од Дејвид Гогинс. Тоа му ја променило перспективата. Се чудел зошто наместо да го олесни, толку си го отежнувал слабеењето.

Брајан отпатувал на Мајорка во ноември 2021 година и поминал седум месеци на отворено без никаков контакт со пријателите и семејството. Водел едноставен живот и се фокусирал на спорт и здрава исхрана. Тренирал пет часа дневно и изгубил вкупно 62 килограми.

Денес Брајан е тренер и им помага на другите кои сакаат да ослабат, а објавил и книга. Таа содржи рецепти за слабеење кои секојдневно ги подготвува.