среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Овој рибар остана шокиран: Мислеше дека фатил огромна риба, но… (ВИДЕО)

Овој рибар остана шокиран: Мислеше дека фатил огромна риба, но… (ВИДЕО)

Рибар останал во шок откако ја кренал јадицата со која прво помислил дека фатил огромна риба. Тогаш видел дека на јадицата фатил крокодил.

Џим Фалкенберг од Таунсвил во Квинсленд, Австралија, многу се изненадил кога пред неколку дена од водата се појавил огромен крокодил.

-Се престрашив и за малку ќе паднев, срцето ќе ми излеташе, изјави Фолкенберг за „Дејли Меил Австралија“.

Тој вели дека крокодилот бил долг околу три метри. Додаде дека крокодилот најверојатно ја проголтал рибата што била фатена на мамката. По борбата што траела околу еден час, тој успеал да се ослободи од крокодилот.